Бизнис Свет

ЕУ во февруари имаше трговски дефицит од 15,8 милијарди евра

ЕУ во февруари имаше трговски дефицит од 15,8 милијарди евра

Европската унија (ЕУ) забележа вкупен надворешно трговски дефицит од 15,8 милијарди евра во февруари. Извозот од ЕУ е 191,9 милијарди евра, а увозот 207,7 милијарди евра.

Европскиот завод за статистика (Евростат) ги објави февруарските податоци за меѓународната трговија на ЕУ и на еврозоната.

Според тоа, извозот од ЕУ е зголемен за 16,4 отсто на 191,9 милијарди евра во февруари во однос на истиот период од претходната година, додека увозот е зголемен за 44,7 отсто на 207,7 милијарди евра.

Од друга страна, еврозоната има трговски дефицит од ноември, а ЕУ од август.

Наведениот трговски дефицит главно се должи на порастот на цената на увезените енергетски производи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни