Концесионерот на рудникот за бакар и злато Иловица Штука на неформална средба се сретнаа со жители на Босилово и Ново село. Истакнаа дека ја користат можноста за да им ги претстават идеите за вработување и соработка со локалното население и претприемачите.
-Во текот на ноември беше организирана и посета за жители од општините Босилово, Ново Село на рудникот за бакар во Крумовград, Бугарија, да видат како функционира модерен рудник. Ние сме отворени како компанија за сите прашања и информации кои им се потребни на локланото население со цел да се запознаат со точните факти и вистини.- изјави Никола Гулев.
Жител на Еднокуќево истакна дека е за отворање на рудникот поради слабата егзистенција од земјоделството.
Во истовреме активистите на Здрава котлина се собраа пред салата. Се пожалија дека обезбедувањето на состанокот не им дозволило да влезат и да ги постават прашањата кои ги имаат за концесионерот. Сметаат дека Еуромакс манипулира со локалното население.
-Тие се плашат, не од нас како физичка сила или присуство, туку од она што сакаме да го поставиме како прашање. Еве,тие луѓе што се внатре и се надеваат на вработување, нека прашат каде имаат тие на друго место рудник. Таа компанија не е рударска и не вработува.-вели Костадин Ристоманов, активист на „Здрава котлина“.
Од Еуромакс ресурсис сметаат дека активистите од Здрава котлина се мала група која е против рудникот, и дека, според концесионерот, се служат со груби лаги и клевети за да наштетат на угледот на компанијата.
РЕПОРТЕР: КАТЕРИНА ДАВЧЕВА