Германија треба да се фокусира на регрутирање луѓе за своите вооружени сили, изјави парламентарната комесарка за вооружени сили Ева Хегел, цитирана од ДПА.
Хегел за ДПА изјави дека Германија треба да регрутира уште околу 20.000 војници за да ја постигне целта од 203.000 луѓе во вооружените сили.
Таа рече дека многу слободни позиции остануваат непополнети и дека во многу гранки на армијата оперативната готовност е само околу 50%.
„Ова очигледно не е доволно“, особено во контекст на безбедносната ситуација во врска со војната на Русија против Украина, истакна Хегел.
„Сметам дека прашањето за персоналот е најважното прашање во 2025 година“, рече и Хегел.
Таа повика на уште еден обид за воведување задолжителен воен рок за младите мажи и жени.
„Кадровската ситуација треба да биде главен приоритет за сите кои се одговорни за нашата политика“ во оваа област, рече Хогел.
На почетокот на годината, парламентарниот комесар предупреди дека персоналот на германските вооружени сили старее и опаѓа.