Свет

Евакуиран еден од најголемите аеродроми во Англија: Сите летови се одложени поради безбедносен инцидент

Евакуиран еден од најголемите аеродроми во Англија: Сите летови се одложени поради безбедносен инцидент

Аеродромот Гетвик во Лондон утрово е итно евакуиран поради безбедносен инцидент, соопштено е.

„Аеродромот Гетвик ќе биде затворен до понатамошно известување. Полицијата и итните служби се на терен и се справуваат со инцидентот на аеродромот“, беше соопштено.

Еден патник на социјалната мрежа Х напиша дека сите летови се одложени.

Како што јавуваат медиумите, поголем дел од јужниот крај е евакуиран.

„Безбедноста на патниците и персоналот е наш најголем приоритет. Работамe напорно за да го решиме проблемот“, соопшти управата на аеродромот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни