Еве како да се избегне стрес при патување

Општо познато е дека патувањето предизвикува голем стрес, а тоа е најмногу изразено кај лицата кои ретко одат на одмор или по друга потреба во странство.

„Дејли експрес“ пишува дека за да се избегнат непредвидени ситуации за време на патувањето, се препорачува истото да биде планирањо однапред, односно лицето, пред патувањето, да ја избере насоката, рутата на движење, хотелот, возилото, да ја купи и подготви потребната облека за местото и сезоната.

Експерите велат дека доколку се патува со авион, подобро е да се користат директни летови со цел да се избегнат проблемите и долгото чекање за трансфер.

Се разбира, однапред треба да бидат проучени правилата за влез во земјата во која што се патува, на пример – за тоа дали ви е потребен сертификат за вакцинација или негативен ПЦР-тест.

Кога се патува, не би требало да се занематува и осигурувањето. Тоа може да ве заштити во случај на сообраќајни незгоди, непредвидени медицински трошоци, губење багаж или кражба на документи.

Експерите додаваат дека за да се отстранат можните кибер-закани се препорачува секогаш да се купува привремена СИМ-картичка од земјата во која се наоѓате и да се користи мобилен интернет.

Јавните ви-фи мрежи се небезбедни затоа што се бесплатни и се најпристапни за хакери и измами.