Еве како Снежана Ѓуришиќ ослабе 20 килограми

Популарната пејачка Снежана Ѓуришиќ, која поради својот раскошен глас го доби епитетот „кралица на народната музика“ денес има 62 години и не ја крие тајната на нејзиниот добар изглед и методи, бидејќи за само два месеци ослабела дури 21 килограм.

Имено, за време на едно телевизиско гостување, Снежана Ѓуришиќ си ја отвори душата и призна дека тајната на нејзиното брзо слабеење е само еден пијалок – сок од лубеница. Иако во моментов не им е сезона, лубениците ги има на сите поголеми маркети.

  • „Дополнив килограми додека бев со ќерка ми во Америка. Културата на храна таму совршено се вклопуваше со хедонистот во мене. Тој вишок ме мотивираше да се поврзам со војникот во мене и да се придржувам на посебна диета два месеци. Јадев само лубеници и пиев сок од нив и така ослабев 21 килограм“ – открила оваа пејачка.

Покрај тоа, како што објасни, имала редовни физички активности, односно тренинзи два до три пати неделно, а покрај тоа, секогаш се грижи да биде во одлична кондиција. Меѓутоа, во таа прилика открила дека поради премногу обврски не успева секогаш да се храни здраво, како и дека е слаба на слатки.

  • Можам да бидам дисциплинирана и по потреба да практикувам посебен режим на исхрана – тврди Ѓуришиќ, која додава дека е посебно сум слаба на слатки!