Македонија

Еве каква временска прогноза не очекува наредниве денови

Еве каква временска прогноза не очекува наредниве денови

Утре и во понеделник претпладне времето ќе биде стабилно. По котлините ќе има услови за појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет.

Во понеделник ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а од крајот на денот, потоа во текот на ноќта и во вторник ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во вторник ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер поради што од попладне врнежите во западните делови и на крајниот исток од дожд ќе преминуваат во снег и на повисоките места.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни