Еве какво време не очекува во наредните денови!

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0 С)

2 Крушево, Маврови Анови, 4 Берово, Попова Шапка, 5 Тетово, 6 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Прилеп, 7 Битола, Лазарополе, 8 Охрид, Штип, Виница, Струмица, 9 Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, Демир Капија, 10 Гевгелија.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА до 16 часот (во cm) 31 Попова Шапка, 12 Маврови Анови.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно со сончеви периоди. Слаб локален дожд имаше во планинските
региони. Дуваше слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен
ветер од југоисточен правец со брзина до 40 km/h.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието
повремено засилен ветер од југоисточен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Умерено до значително облачно. Претежно во југозападните делови ќе има повремен
локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа
долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во
интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10
степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за локална појава на краткотраен дожд. Во почетокот на новата работна седмица времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното