Како и претходните години, часовникот ќе се менува и во 2025 година. Сите знаат дека летното сметање на времето започнува во последната недела од март, а дека зимското сметање на времето започнува во последната недела од октомври.
Кога во 2025 година започнува летното и зимското сметање на времето?
Летното сметање на времето започнува во последната недела од март, а оваа година часовникот ќе се смени на 30 март во 02:00 часот, кога ќе го поместиме часовникот во 03:00 часот, односно еден час понапред. Зимското сметање на времето, кое подразбира враќање на часовниците од три до два наутро, не чека на 26 октомври во 3 часот по полноќ, кога ќе го вратиме часовникот еден час наназад, односно до 2 часот по полноќ.
Зошто се движи часовникот?
Поместувањето на часовникот, познато и како летно и зимско сметање на времето, е воведено поради една причина – за да се заштеди енергија. Во текот на летните месеци часовникот се движи напред, додека во зимските месеци се враќа назад. На овој начин би се намалила потрошувачката на енергија, бидејќи луѓето имаат повеќе часови дневна светлина во периодите кога се активни. Сепак, овој метод веќе не е толку ефикасен, но многу земји ширум светот сè уште го задржуваат овој систем.
Ќе се укине ли менувањето на часовникот?
Често се зборува за укинувањето на менувањето на часовникот, а оваа тема е особено актуелна во Европската Унија, каде во 2018 година укинување на оваа практика беше предложено од Европската комисија. Ваквата одлука е донесена откако мнозинството граѓани во анкета изразиле став дека промената на часовите треба да се укине. Иако првичниот план беше последните промени на часовникот во Европската унија да се случат во 2021 година, тоа сè уште не се случи, бидејќи поединечни земји во ЕУ не можеа да се договорат дали сакаат да го задржат летното или зимското сметање на времето.
Кога станува збор за Соединетите Американски Држави, летното сметање на времето би можело трајно да се воведе, имајќи предвид дека американскиот Сенат едногласно го одобри законот во 2022 година. Засега законот сè уште не стапил на сила, бидејќи не поминал во Претставничкиот дом.