Еве кои строги правила ќе мораат задругарите да ги почитуваат – вкупно 21 на број

Овие правила новите учесници на „Задруга 5“ ќе мораат да ги почитуваат, доколку не сакаат да бидат казнети.

Еве кои се:

  1. Задруга е град заграден со ѕидови, секое напуштање на одреден дел се казнува.
  2. На учесниците им е забранет разговор со луѓето од обезбедувањето.
  3. Учесниците мора да ги носат своите микрофони постојано, освен кога спијат – од моментот на вадење на микрофонот забранет е разговор меѓу учесниците. Гасење, како и нивно вадење строго се казнува. Тие мора да се носат правилно, не смеат да се вадат од торбицата или на било кој начин да се пречи во работата на микрофонот.
  4. Во Задруга е дозволено само да се комуницира преку говор. Шепкање, знаковен јазик и допишување е забрането и се казнува.
  5. Спиење преку ден, исто така е строго забрането.
  6. Секој задругар е должен во секој момент да одговори на побарувањата на продукцијата, што подразбира соработка со репортери, сниматели, организатори и уредници. Одбивање на соработка, како и навредување на членови на продукцијата, спомнување на продукцијата и РТВ Пинк во негативен контекст, продукцијата ќе го сметаат како прекршок и сама ќе го одреди видот на казната.
  7. Секој задругар е должен неколку пати во текот на денот, кога организаторите тоа го побараат да ги промени батериите на микрофонот, како и истрошените да ги врати. Строго забрането е истите да се фрлаат или оставаат било каде во Задруга
  8. Учесниците треба да знаат дека вработените во продукцијата, во секој момент можат да ги слушнат нивните потреби. Потребно е само да бидат стрпливи, а продукцијата ќе се потруди во најкраток временски рок, да го реши проблемот. Од проблемот и потребата зависи колку време ќе биде потребно да се одговори на истото.
  9. Забрането е спомнување на продукцијата, и луѓето кои работат во истата. Нивните имиња и своето лично мислење за продукцијата, вработените и начините на однесување кон учесниците, треба да ги задржат за себе.
  10. Пушењето е дозволено само надвор, во просторијата за пушење и во рехабилитацијата.
  11. Скокање во базен или во езеро е строго забрането.
  12. Забрането е поместување на мебелот и инвентарот од една во друга куќа, тргање на сликите од ѕидовите, нивно уништување, пишување по мебелот, ѕидовите и фасадите.
  13. Строго е забрането поместување на креветите, бидејќи се фиксирани и наместени онака како што Големиот Шеф мисли дека треба да стојат.
  14. Секое уништување на ентериерот и инвентарот на Задруга е строго забрането, а Големиот шеф има право од хонорарите да го казни секој задругар кој нешто ќе уништни.
  15. Задолжително е вадење на микрофонот пред да влезат во базен или езеро, но веднаш кога ќе излезат мора да ги стават.
  16. Номинираните задругари можат да комуницираат само со водичот и не смеат да ја напуштаат изолацијата освен за во тоалет.
  17. На сите учесници им е задолжително присуството на состаноците кои ги организира Големиот Шеф, читање на писма или емисии.
  18. Пливањето во езеро е строго забрането, освен кога шефот ќе дозволи.
  19. Секоја закана кон членовите на обезбедување ќе биде автоматски казнето со тромесечен хонорат.
  20. Облеката е дозволена да се закачува и суши само во простории кои се предвидени за тоа или во тоалет.
  21. Неодењето во затвор по барање на продукцијата, било кој член на продукцијата или обезбедувањето се казнува хонорарно.

Секое прекршување ќе биде казнето, а продукцијата ќе смета дека се известени и нема да има обврска накнадно да известува за кршење на истите.