Максималните температури денеска беа 19 Попова Шапка, 26 Крушево, 27 Маврови Анови, Лазарополе, 30 Охрид, Претор, Берово, 31 Крива Паланка, Тетово, Прилеп, 32 Битола, 33 Виница, 34 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 35 Струмица, Кавадарци, 36 Демир Капија, Велес, 37 Гевгелија, велат од УХМР.
Времето денес е сончево и топло. Дуваше слаб до умерен северен ветер.
Времето до крајот на денот ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Во текот на ноќта ведро и претежно тивко.
Времето утре ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. UV=9
Во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се
спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.