Играч од Германија освои 54.233.218 евра во играта „евро-џекпот“ за пет плус два броја, додека играч од Хрватска освои 101.869 евра за пет броја.
Во 82. коло од оваа игра беа извлечени броевите 16, 23, 30, 37, 41 – 2, 9.
Тикетот во Хрватска е уплатен во Загреб, на него се играле четири комбинации од играта „евро-џекпот“ без дополнителната игра „DŽoker“, а вкупниот износ на уплатата е осум евра, пренесуваат хрватските медиуми.
Следното извлекување „евро-џекпот“ е во вторник на 17 октомври, а главната награда е 10.000.000 евра.
