„Европа мора да стане посуверена и поспособна“, порака од Коста пред вонредниот самит

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста во својата најава се осврна на вонредниот Самит на 6 март, на кој фокусот ќе биде европската одбрана и секако Украина.

„Би сакал да ве поканам на Специјален европски совет на 6 март, кој ќе биде посветен на европската одбрана и Украина“, се вели првично во соопштението на Коста.

Осврнувајќи се на она што треба да се постигне, тој истакна дека „што се однесува до европската одбрана, мојата цел е да се надоврзам на нашиот неформален состанок од 3-ти февруари со цел да ги донесеме првите краткорочни одлуки, со цел Европа да стане посуверена, поспособна и подобро опремена да се соочи со непосредните и идните предизвици за нејзината безбедност“.

Во однос на Украина и последните случувања, тој тврди дека „постои нова динамика, која треба да доведе до сеопфатен, праведен и траен мир“. Затоа, за нас е важно да размениме мислења за тоа како понатаму да ја поддржуваме Украина и за принципите што треба да се почитуваат во иднина. ЕУ и нејзините земји-членки се подготвени да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа. Затоа, треба да бидеме подготвени за можен европски придонес кон безбедносните гаранции кои ќе бидат неопходни за да се обезбеди траен мир во Украина“.

„Средбата ќе ја започнеме во 12:30 часот со нашата традиционална размена на мислења со претседателот на Европскиот парламент, по што ќе следи дискусија со претседателот Зеленски за време на ручекот. „Потоа ќе се фокусираме на европската одбрана и ќе следи дискусија за Украина“, рече тој.

Завршувајќи ја својата изјава рече дека со нетрпение ја очекува средбата на 6 март.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното