Европа со Украина: Зеленски на клучна средба со лидерите на ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Брисел беше пречекан од Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија и Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет.

Кошта рече дека ова е „многу важен момент“ за дополнителна изградба на европската безбедност.

Тој рече дека претходната средба на лидерите на ЕУ минатиот месец била посветена на „бреинсторминг“, додека денеска „ќе се носат одлуки и ќе има ефекти“ од оваа средба.

– Ова е пресвртница за Европа, а Украина е дел од тоа семејство – изјави Фон дер Лајен.

Таа додаде дека Европа мора да ја стави Украина во позиција во која таа земја може да се заштити и да инсистира на траен и праведен мир.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното