Европската политика главна тема на средбата на Шолц и Макрон

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе го посети францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, а главна тема на разговорите ќе биде европската политика.

Првично, француско-германскиот Совет на министри требаше да се состане во Фонтенбло во близина на Париз, но состанокот беше одложен минатата недела.

Како причина за одложувањето тој ја наведе потребата од координација за „билатералните прашања“, изјави портпаролот на германската влада.

Елисејската палата соопшти дека е потребно повеќе време за координација за одбранбените и енергетските прашања и дека одложувањето не значи ништо за состојбата на француско-германските односи.

И покрај одложувањето, Шолц и Макрон се состанаа во четвртокот пред самитот на ЕУ во Брисел, но главно разговараа за подготовка на консултации со другите 25 шефови на држави и влади на членките на Унијата.