Најубавите есенски и зимски цвеќиња се хризантемите, кои се симбол на среќа и семејна благосостојба. Кај нас хризантемите најчесто се носат на гробишта, но низ светот – особено на истокот – тие симболизираат цвет што привлекува среќни околности.
Затоа во есен се садат околу секоја куќа за да им донесат радост и веселба на домaќините. Австралијците без двоумење би подариле хризантема на близок член од семејството како знак на благодарност и љубов, а во Америка овој цвет е познат симбол на радоста.
Садење хризантеми
Со хризантемите се можни разни комбинации на бои во градината, токму поради широката палета што ја нуди овој цвет. Погодни се за различни подлоги, но бараат многу сончева светлина и заштита од ветер – нешто што многумина го забораваат при садење.
Хризантемата, и кај нас и во странство, важи за еден од најубавите есенски цветови. Затоа најдобро време за садење е мај, за на есен да биде во полн цвет. Поради богатството на нијанси, дизајнерите на ентериер препорачуваат мешање на различни бои хризантеми во една саксија за шарен и живописен ефект.
Хризантемите не треба секоја година да се пресадуваат од семе. При купување садница, важно е да нема многу странични изданоци – ако ги има, тоа значи дека растението е старо. Погодни се за калемење и од една садница можат да траат со години. При садење, потребно е растението да се засади доволно длабоко во земјата и редовно да се полева.
Главен непријател на хризантемата е ветерот, па се советува да се чува на топло и затворено место, со редовно полевање за да не се исуши. Интересно е што возрасното растение може да издржи и снег. За подобра плодност, во пролет се препорачува повторно садење во истата саксија, а со тек на време – како што расте растението – да се зголемува големината на саксијата.
Нега на хризантемите
Хризантемата не е пребирлив цвет, иако поради својот сјај може да изгледа како да бара посебна грижа. Ако нешто ѝ недостасува, растението тоа ќе го „каже“ само – најчесто преку појава на кафеави дамки на листовите, што укажува на прекумерна влага или недоволна влажност на воздухот.
Полевање
Во периодот на цветање, се препорачува секојдневно полевање. Добро е целата саксија да се натопи со вода, а вишокот сам ќе истече преку дното. За најдобро цветање, саксијата треба да биде со пречник од најмалку 21 см, бидејќи хризантемата расте до 20 см во висина. Во последните фази на цветање се препорачува повремено сушење на почвата за да се зајакне стеблото.
Хризантемите најдобро успеваат во градини, но постојат и видови наменети за внатрешен простор, кои е најдобро да се држат покрај прозорец за да добиваат сончева светлина во текот на денот. Цветаат во октомври и ноември, бидејќи хризантемата е типично есенско растение. По садењето, ѝ требаат 3–6 сончеви недели за целосно да ја формира стебленцето. При полевање, треба да се внимава листовите да останат суви за да се избегнат лисни вошки и црнење на листовите.
Во пролет, голема опасност претставуваат полжавите, кои можат да ги уништат младите изданоци. На Истокот хризантемата е симбол на есента, едноставноста и леснотијата на животот, додека кај нас се смета за „цвет на мртвите“, традиционално надгробно цвеќе кое носи мир и спокој на душите на починатите. Во Европа ја нарекуваат и „есенска роза“.
Постоело и старо верување од Истокот дека една ливчиња хризантема ставена во чаша вино носи долг и здрав живот. Затоа хризантемата се смета за симбол на долг, безгрижен живот и еден од најмоќните симболи на оптимизмот.
Ако можете, внесете дел од нејзината позитивна енергија во вашата градина – ќе ви донесе среќа, а истовремено ќе ја направи поразиграна и шарена. Цветот првично бил златно-жолт, но денес постојат илјадници видови и бои, секоја со свое значење:
Бела хризантема – симболизира вистина, јаснотија и правилно донесување одлуки; се користи за медитација.
Црвена хризантема – знак на љубов и силна страст.
Виолетова хризантема – симбол на елеганција и благородност.
Сина хризантема – претставува мир и инспирација.
Портокалова хризантема – носи топлина и напредок.
Жолта хризантема – најтажниот симбол, знак на невозвратена љубов.