Собранието на Република Северна Македонија на денешната 65. седница го потврди изборот на Фатон Сељами од Тетово за нов Народен правобранител.
За неговиот избор гласаа 89 пратеници, шест беа „против“, а од пратениците кои припаѓаат на заедници што не се мнозинство 28 гласаа „за“, додека осум гласаа „против“.
Сељами е дипломиран правник и магистер по правни науки, со положени правосуден и нотарски испит. Со изборот, тој ќе ја наследи функцијата задолжена за заштита на човековите права и слободи.

