Свет

ФБИ: Успеавме да ги реконструираме движењата на напаѓачот, скокна од зградата и избега

ФБИ: Успеавме да ги реконструираме движењата на напаѓачот, скокна од зградата и избега

На прес-конференција за неодамнешното пукање, комесарот на Одделот за јавна безбедност Бо Мејсон презентираше нови детали од истрагата. Тој потврди дека жртвата, Чарли Кирк, починал во болница од повредите. Мејсон, исто така, упати апел до јавноста, пишуваат агенциите. Тој нагласи дека луѓето кои биле испрашувани од полицијата, а потоа ослободени, се соочиле со закани. „Бараме трпение од јавноста, овие лица не се осомничени, тие биле лица од интерес“, рече Мејсон.

Комесарот потоа детално опиша како властите успеале да ги реконструираат движењата на напаѓачот пред и по нападот. „Успеавме да ги следиме движењата на напаѓачот почнувајќи од 11:52 часот наутро. Ова лице пристигнало на кампусот од локација недалеку од кампусот. Го следевме неговото движење во кампусот преку скалите, до покривот, преку покривот, до местото на пукањето“, рече Мејсон.

По самиот чин, напаѓачот избегал на драматичен начин. „По пукањето, можевме да ги следиме неговите движења додека се движеше кон другата страна од зградата, скокаше од зградата и избега, надвор од кампусот и во соседството“, заклучи Мејсон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни