„Фејсбук“ синоќа доживеа најголем пад во историјата - 4NEWS.mk
Поврзи се

Свет

„Фејсбук“ синоќа доживеа најголем пад во историјата

Социјалната мрежа „Фејсбук“ денеска повторно е стабилизирана по синоќешниот најголем пад во историјата, пишува Си-Ен-Ен.

Повеќе од 14 часа траеја проблемите на најголемата друштвена мрежа. Утринава и натаму беа присутни проблемите во одредени делови од светот. Ситуацијата стануваше се подобра, но и во овој момент и натаму одредени држави се соочуваат со проблеми.

Се огласија и од „Фејсбук“ кои преку „Твитер“ рекоа дека имаат проблем, но не дадоа никакво објаснување.

Големи проблеми имаа и “WhatsApp“ и „Messenger“ како и „Инстаграм“, апликации кои се во сопственост на „Фејсбук“. Првите проблеми се јавија синоќа околу 17 часот.

Ова се најголеми проблеми после 2008 година. Но тогаш оваа социјална мрежа имаше само 150 милиони корисници, а сега има неверојатни преку 2.3 милијарди.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com