Два дена по улицата им течат фекалии, додека пак дома немаат вода поголем дел од денот. Жителите од улицата Боро Камчевски во скопската населба Црниче, во 21 век се под елементарни услови за живот.
Често се случува овој проблем?
-Да, често
Од кога тече вака?
-Откако ја променија канализацијата. Откако ставија нова фекална, да иде на горе и се запишува и тоа е проблемот.
Пријавивте некаде?
-Постојано пријавуваме и не доаѓаат, ова е вака три дена
Како се справувате, ова се фекалии
-Треба да дојде водовод и да прочисти и тоа е, постојано е исто, сега чистев тука. Мириса не се трпи
Загрижени сте за вашето здравје?
-Па како не! Ова се фекалии, а јас сум баш до нив.
Недалеку од куќата на Драги се наоѓа шахтата од која од која веќе три дена непрекинато течат фекалии.
Овие снимки се од синоќа, жителите додаваат дека не може да се седи дома бидејќи се шири неподнослива ареа, а сега покрај коронавирусот, треба да чуваат и од оваа опасност.
ТВ21 се обиде да контактира и со Јавното претпријатие Водовод и канализација, но до емитувањето на овој прилог не добивме одговор, зошто се случува ова и кога ќе биде санирано.
Фекалиите течат по улицата, дел повторно се влеваат во канализационата мрежа, а голем дел од остатокот завршува до крајот на улицата кај „Шампионче“.
.
