ФФМ ги одложи сите денешни натпревари поради трагедијата во Кочани

Поради големата трагедија што го потресе Кочани, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ги одложи сите денешни натпревари во сите конкуренции.

-Сочувство и молитва за утеха на семејствата на загинатите во големата трагедија. Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите, објави ФФМ.

Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното