Македонија

ФФМ: Статутот е согласно со законите и статутите на ФИФА и УЕФА

Реакција од ФФМ по повод денешната прес-конференција на директорот на АМС Дарко Каевски. Тие велат дека е невозможно да се измени статутот на Федерацијата на ден пред Генералното Собрание, но истакнуваат дека истиот е во согласност со Статутите на ФИФА и на УЕФА.

„Решението со кое се утврдени недостатоци, односно неусогласеност на Статутот на ФФМ со Законот за спорт не е конечно поради што до конечност на таквото решение не може да се пристапи кон спроведување на решението.

Во однос на регуларноста на утрешното Редовно Генерално Собрание на ФФМ истакнуваме дека во целост е организирано во согласност со одредбите на Статутот на ФФМ. Изборот на претседател на Фудбалската федерација на Македонија е исто така во согласност со Статутот на ФФМ. Во текот на утрешниот ден, делегатите на Собранието на ФФМ кои ќе одлучуваат за идниот претседател на ФФМ се избрани во согласност со Статутот на ФФМ. Токму овие делегати се луѓето кои во идина, доколку има потреба ќе одлучуваат за евентуалните статутарни промени.

Барањето за измена на Статутот на утрешното Собрание во овој момент, на ден пред одржување на Собрание формално – правно е невозможно.

Конечно, како што детално е објаснето и во жалбата на решението, постоечкиот Статут на ФФМ е УСОГЛАСЕН со одредбите на Статутите на УЕФА и ФИФА, како и со одредбите на Законот за спорт и сите останати позитивни прописи во државата.“, велат од ФФМ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни