Министерот за здравство Венко Филипче рече дека и натаму претставува проблем слабата соработка со дел од контактите на заразените од Ковид-19, и дека истите одбиваат да бидат тестирани, кријат информации.
„Проблем е слабата соработка со дел од граѓаните. Одбиваат да се тестираат, да дојдат до болница кога имаат симптоми, има и такви кои имаат генерална недоверба. Во еден случај тоа го надминавме, и целосно се анкетираше семејството на починатиот, но се уште има поединечни примери.
Сакам уште еднаш да кажам дека вирусот постои, дека бројките се реални и дека мора да се почитуваат препораките и да се даваат информации. Со криење не правите ништо. Исто така уште еднаш апелирам до МВР да се вршат поентинзивни контроли“, рече Филипче.
.