„Власт која ја губи довербата од народот измислува непријатели за да ја скрие вистината„. рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Карпош.
Претседателот Филипче ја осуди црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека таа кампања е доказ за неспособност и страв од народот.
„Власт која води негативна кампања кон опозицијата не е само неспособна власт, тоа е власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тоа е власт за која напредокот на државата е непријател.“ потенцираше Филипче.
„Оваа власт се храни и одржува од внатрешни поделби, од сиромаштија која ја контролира со корупција и од хаос во кој се создава апатија,“ подвлече Филипче, повикувајќи на единство, разум и отпор против лагите и поделбите.
„Јас во нивната кал нема да влегувам, туку ќе продолжам да ги разобличувам. Нека се препелкаат во национализмот, во лажниот патриотизам и во својата неспособност самите тие.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Карпош.
Читај и ова:
- 1.Се огласи Заев за куферчињата со пари од поранешен бугарски премиер
- 2.Падна француската влада
- 3.Тешка сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Охрид: Загина 25-годишник!
- 4.Од наредна година пензионерите ќе можат да работат без да им страдаат пензиите
- 5.Опасна супстанца пронајдена во црвени пиперки од Македонија: Предизвикува оштетување на црниот дроб и бубрезите