Министерот за здравство Венко Филипче за ТВ21 посочи дека најголемо зголемување на кривата од коронавирусот има кај возрасната група од 20-30 години.
Се вчитува...
„Овие денови работевме и токму затоа беше денешниот состанок, најголемо зголемување имаме кај возрасната група од 20-30, 30-40 исто така нешто помалку кај возрасната група 40-50 и 50-60 години. Најмногу поради собирите на кои мерките не се почитуваат и токму затоа се овие новиве мерки“, истакна Филипче.
Тој додаде дека будно следат и доколку има промена ќе препорачаат други мерки.
Претходно, министерот ексклузивно за ТВ21 посочи дека Владата ги усвои новите мерки кои беа препорачани од Комисијата за заразни болести.
.
