Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче вечерва на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ која се одржа во Ресен порача дека Преспа секогаш била срцето на Македонија не само по убавината, туку по трудот, чесноста и по луѓето што не се откажуваат. Затоа порача тој, како регион кој е симбол на можности да се обединат и ја вратат вредноста назад.
„Верувам дека овој пат ќе победи визијата, прогресивноста и љубовта кон татковината. Граѓаните ќе изберат да застанат зад политики што носат правда, еднаквост и фер можности за сите. Овие избори нема да бидат само избор меѓу партии, ова е избор меѓу минатото и иднината!“, рече Филипче.
Тој испрати повик дека е време за работа, за проекти, за сигурност и за достоинство. Но и време за општини каде наместо застој, ќе се градат патишта, сообраќајници, училишта и гасоводи. За општини во кои ќе се живее поубаво, посреќно, поспокојно и посигурно.
„Ова е момент на враќање. Да се обединиме околу вистинските вредности и да покажеме дека имаме сила и храброст да се избориме за нашиот дом, за нашата иднина, за нашето семејство. Само обединети и само со силен СДСМ може државата да оди напред. Само тогаш може да зборуваме за вистински развој и за стабилност“, порача тој.
Притоа, Претседателот на СДСМ, Филипче, ги повика ресенчани на 19 октомври, да излезат и да го кажат својот збор. Да изберат работа со СДСМ, наместо празни зборови со ДПМНЕ, резултати наместо изговори и визија наместо хаос.
„Ќе го изберете СДСМ, Александар и советничката листа на СДСМ за политика што слуша, што делува и што стои со народот. На 19 да излеземе, да гласаме, да ја вратиме силата во рацете на граѓаните! Да ја вратиме надежта, гордоста и сигурноста во нашата земја!“, рече Филипче.