Поврзи се

Македонија

Филипче: Препораката за хронично болните да се вратат на работа е донесена врз основа на дискусија повеќе од три недели

Published

on

Министерот за здравство Венко Филипче, по денеска објавената препорака на Комисијата за заразни болести, хронично болните да се вратат на работа, која нема да важи за лицата кои имаат извештај од специјалист за влошување на болеста,  изјави дека дека разгледувале повеќе аспекти кога го дискутирале тоа прашање.

-Текстот продолжува по рекламата-

Не е ад хок одлука, посочи министерот, туку е резултат на дискусија која ја водиме на повеќе состаноци веќе изминатите повеќе од три недели.

– Суштината е дека практично за сите економски оператори, за сите компании и сите организации има протоколи по кои се работи. Премногу е широка листата во наши услови на хронични болести, луѓе кои имаат практично сосема нормални животни активности и никако не се доведуваат во ризик доколку ги почитуваат протоколите на своите работни места. Во таа смисла е донесена одлуката да се даде препорака пациентите кои имаат дијагноза хронична болест и оние кои имаат малигни болести, практично се вратат на своите работни места. Не одат на работа само тие кај кои лекарот специјалист ќе укаже дека има состојба што се вика егзацербација, односно влошување во рамки на хроничната болест и истата бара некаков акутен третман. Притоа и е дополнителен ризик по здравјето на пациентот. Тоа е препораката, оставаме на стручноста, експертизата на лекарите специјалисти да направат соодветна проценка, објасни Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на десетгодишнината од именувањето на Градска општа болница „8 Септември“.

Loading...

Според него, најризичните категории и натаму остануваат заштитени.

Во однос на препораката трудниците да бидат ослободени од работа, Филипче посочи дека тие се категорија за која се уште нема доволно стручни сознанија како и дали вирусот можеби влијае на развојот на плодот и од претпазливост за нив се продолжува оваа мерка.

– Сметаме дека кај родилките е доволен ризик фактор пуштањето на останатите возрасни групи во градинките и за оваа категорија може да се почека, може да се обезбедат и средства преку Министерството за труд и социјална политика што ќе се трансферираат во Фондот за здравствено осигурување за исплата. Ова е категорија која и понатаму ќе ја мониторираме до нова година, па ќе видиме како ќе биде состојбата, рече Филипче.

Како што додаде, дополнително во наредните денови ќе се дискутира и ќе се донесе одлука  за родителите на деца до 10 години кои сега се ослободени од работа. 

.

Извор: ТВ21

Loading...

Совет за етика во медиуми

Македонија

Се огласија од иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски е само лош глумец

Македонија

ВИДЕО: Еве како изгледаше синоќешното апсење на дилери на дрога во Кичево

Македонија

Албанскиот јазик отстранет од меморандумите! Царовска вели нема промени, но соопштенијата се испраќаат само на македонски

Македонија

Касами: Приватните компании треба да спроведат двојазичност, бидејќи дел од дипломираните Албанци не говорат добро македонски

4NEWS.mk

Лиза Шаќири до Касами и Груби: Не не омаловажувајте, ретко кој дипломиран Албанец не знае македонски!

Македонија

ВИДЕО: Полиција околу зградата во која живее Гордана Јанкулоска, се проверува секое возило

4NEWS.mk

Хоспитализиран Љубе Бошкоски поради компликации со коронавирусот

4NEWS.mk

Повторно македонци се вмешаа во претседателските избори во САД

4NEWS.mk

Предвреме ќе се исплатат септемвриските пензии

Македонија

МВР ја „чува“ екс министерката Јанкулоска – Груевски во Будимпешта, соработниците се соочуваат со затвор

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com