На својот фејсбук-профил, вечерва претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека СДСМ на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати за градоначалници и советници.
„Ќе ги избереме во широк консултативен процес, пред сè со членството, а потоа и преку сондажи со сите граѓани.
Граѓаните заслужуваат да ги водат најдобрите и оние кои можат најмногу да придонесат за секоја општина. Покрај поддршката од членовите и граѓаните, кандидатите мора да ги имаат потребните квалификации и искуство за позицијата за која се кандидираат.
Вечерва во Кочани, на работна средба со новото раководство, зборувавме за претстојните локални избори и начинот на избор на кандидати“, вели Филипче во објавата.