Филипче: СДСМ победи во три општини – овој резултат не е тој што го посакувавме!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вечерната прес-конференција изјави дека според досега обработените податоци, партијата забележала победи во три општини – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци.

„Според моменталните резултати, СДСМ води и во уште девет општини низ државата“, истакна Филипче, нагласувајќи дека тоа е знак на довербата што граѓаните сè уште ја покажуваат кон политиките и кандидатите на партијата.

Сепак, тој призна дека резултатот не е оној што партијата го посакувала.

Тој апелираше до сите граѓани активно да се вклучат во вториот изборен круг.

„Апелирам сите граѓани масовно да излезат на гласање во вториот круг“, додаде Филипче.