ФИЛИПЧЕ ЗАМИНУВА ОД ФОТЕЛЈАТА: Алтернатива ги доби министерствата за здравство и информатичко, МЕПСО, Пензиски фонд, тетовскиот Клинички

Постигнат е договор Алтенратива да го зголеми парламентарното мнозинство и да стане дел од Владата.

На заедничката прес-конференција на лидерот на СДСМ во заминување Зоран Заев и на првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши, Заев ги наведе ресорите каде кадар на новиот коалициски партнер ќе биде на челно место.

Алтернативата ги добива Министерствата за здравство и за информатичко општество и ќе добие министер без ресор задолжен за дијаспората.

Кај Алтернатива одат и МЕПСО,  Фондот за пензиско осигурување, Железници, Клинички центар Тетово, Агенција за странски инвестиции… Партијата на Гаши ќе добие и двајца или тројца заменик министри.

– Вредноста на овој договор е справување со предизвиците. Најважно е функционирањето на институциите и јасно утврдена одговорност пред граѓаните. Тоа е важно во време на предизвици дома и на глобален план. Постигнатниот договор е дека имаме мнозинство кое ќе работи на решение за предизвиците, како што е обезбедување контиунутеот како што е почеток на преговорите со ЕУ. Справување со ковид-19 пандемијата. Сите коалициски партнери сме согласни дека на Северна Македонија и е потребна влада која испорачува резултати во интерес на граѓаните, посебно во време кога е потребен евроатлатнски курс на дејствување – рече Заев.

Гаши рече дека е исклучително среќен што партијата ќе биде дел од новата владина програма, која има девет нови точки кои на конференцијата за печат ги читаше лидерот на Алтернатива.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното