Филков: Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи, мора да има правда!

Министерот за правда Игор Филков изрази сочувство за десетиците млади животи кои загинаа во пожар во дискотека во Кочани и најави одговорност за сите инволвирани во оваа трагедија.

,,Десетици млади животи згаснаа во пожар што никогаш не смееше да се случи.

Ова не е само трагедија – ова е аларм што бара одговорност!

Нема зборови за оваа болка… но мора да има правда!

Секој што потфрлил – ќе одговара! Ова не смее да се повтори никогаш повеќе!

Нека почиваат во мир овие млади души”, вели Филков.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното