Македонија

Филков се сретна со претставникот на УНХЦР, Габриел Гуалано де Годој

Филков се сретна со претставникот на УНХЦР, Габриел Гуалано де Годој

Министерот за правда Игор Филков го прими претставникот на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите Нации – УНХЦР, Габриел Гуалано де Годој.

На средбата беа разменети мислења и информации за досегашната соработка на Министерството за правда со УНХЦР, како и институционалната и материјалната поддршка како клучни за зајакнување на капацитетите за изнаоѓање одржливи решенија за луѓето во ранливи ситуации.

Договорено е во наредниот период да се преземат заеднички активности , да се посети Прифатниот транзитен центар во Гевгелија со цел да им се обезбеди полесен и непречен пристап на мигрантите/бегалците до постапката за признавање на правото на азил.

Габриел Гуалано де Годој изрази благодарност за заложбите на Министерството за правда  за поддршката и коордирањето на процесот за  системско и трајно решавање  на повеќедеценискиот проблем на приближно 700 лица во нашата држава кои беа неевидентирани и незапишани во матичната книга на родени со што станавме прва земја во Европа и втора во светот што го реши проблемот со неевидентирани лица.
Билатералната соработка и реализацијата на проектите ќе продолжат и во наредниот период.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни