Филмско бегство од затвор: Опасен затвореник исчезна од ќелија во текот на ноќта, изведе спектакуларна акција!

Џон Метју Нај, осуден за обид за убиство, побегнал од затворот во округот Крејвен во Мичиген.

Нај, 37-годишен, бил пренесен во затвор во неделата откако бил уапсен во куќа во местото Хуберт. Кога чуварите влегле во куќата, Нај побегнал во шумата и испукал два истрела кон полицајците кои се приближувале. Повредени немало, а Нај бил приведен.

Потоа, во неделата околу 16 часот, властите откриле дека Нај исчезнал од затворската ќелија која му била доделена.

Властите тврдат дека Нај ги отстранил решетките од таванот и побегнал на покривот преку вентилацискиот систем на затворот.

Се смета дека му помогнале неговите соседи во ќелијата, Џастин Метју Акс (32) и Тимоти Ли Караван (35), така што поставиле ќебиња на душекот за да создадат илузија дека Нај спие во својата ќелија.

Акс и Караван се обвинети за кривично дело помагање и поддршка на бегство и заговор за помагање и поддршка на бегството. Одредена им е кауција од 100.000 долари.

Нај сè уште е во бегство и се смета за опасен, бидејќи повеќе пати наоружан се заканувал на полицајци или пукал врз нив.

Тој требало да се појави на суд во понеделник, 17 февруари, за да одговара по три точки обвиненија за обид за убиство од прв степен, три точки за закани кон полицајци со огнено оружје, поседување огнено оружје, поседување опрема за дрога и пружање отпор.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното