Финансиска полиција поднесе кривична пријава против Манчевски за „Банана филм“ поради сомнежи за ненаменско трошење на речиси 950.000 евра

Режисерот Милчо Манчевски и неговата продукциска куќа „Банана филм“ се соочуваат со кривична пријава од страна на Финансиската полиција, поднесена до Основното јавно обвинителство, поради сомнежи за ненаменско трошење на речиси 950.000 евра државни средства без соодветен извештај до Агенцијата за филм.

Предметот, кој опфаќа финансиски трансакции помеѓу македонската фирма и компанијата на Манчевски во Њујорк, бил дел од истрага што траела речиси две години. Во координација со обвинителството, Финансиската полиција прибрала податоци што, според нив, укажуваат на сериозни индиции за злоупотреба на буџетски средства.

Истовремено, за истиот случај веќе биле известени и Државната комисија за спречување на корупција и други надлежни институции. Агенцијата за филм реагираше во повеќе наврати, посочувајќи дека Манчевски не ги исполнил обврските за поднесување извештај за користените средства, согласно законските норми и интерните правила на институцијата.

Во меѓувреме, случајот привлече големо медиумско внимание. Повеќе истражувачки извештаи објавија документи и податоци што упатуваат на потенцијални финансиски нерегуларности во работењето на „Банана филм“.

Инаку, Манчевски е еден од добитниците на Национална пензија – државно признание за заслужни уметници.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното