Свет

Финска гради ограда долга 200 километри на границата со Русија

Финска гради ограда долга 200 километри на границата со Русија

Членката на НАТО, Финска, ја заврши изградбата на ограда долга 200 километри по должината на границата со Русија по две години работа, објавија денес финските власти. „Најважната задача на една држава е да ја обезбеди безбедноста на своите граѓани“, изјави финската министерка за внатрешни работи, Мари Рантанен.

„Во овие непредвидливи времиња, оградата на источната граница е клучна компонента на ефективниот систем за безбедност на границите“, додаде таа. Изградбата започна во август 2024 година по должината на делови од финско-руската граница, која вкупно изнесува повеќе од 1.300 километри, на места каде што финската гранична стража процени дека „оперативната потреба била најголема, а изградбата била економски најисплатлива“.

Брајерата се состои од ограда висока околу 4,5 метри и систем за технички надзор. Тензиите по должината на финско-руската граница нагло се зголемија откако Русија ја започна инвазијата на Украина во 2022 година.

Финска ги затвори своите копнени гранични премини со Русија во декември 2023 година откако ја обвини Москва дека намерно ги насочува мигрантите кон границата со цел дестабилизација на земјата.

Русија ги негира обвинувањата. „Без гранична ограда, не е можно ефикасно, веродостојно и безбедно да се бориме против оваа злоупотреба на миграцијата“, рече Марку Хасинен од финската гранична стража.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни