Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека во следните неколку дена би можел да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за транзитот на руски гас преку Украина.
-Бараме друг датум за средбата, таа треба да биде во следните неколку дена – изјави Фицо. Фицо претходно предложи тој и Зеленски да се сретнат во Словачка, во близина на границата со Украина.
Според него, „состанокот би бил добар амбиент за отворена дискусија за снабдување со гас на Словачка и други земји преку територијата на Украина“.
Како одговор на поканата на словачкиот премиер, Зеленски предложи Фицо да дојде во Киев на 17 јануари.
Подоцна, заменик-претседателот на словачкиот парламент, Тибор Гашпар, за агенцијата ТАСС изјави дека Фицо нема да оди во Киев во петок.