ФОЛКСВАГЕН ПРЕКИНУВА 35.000 РАБОТНИ МЕСТА ВО ГЕРМАНИЈА Ги намалуваат трошоците, затвора фирми!

Најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген ќе укине повеќе од 35.000 работни места во Германија до 2030 година за да ги намали трошоците, а истовремено да избегне затворање на фабрики и отпуштања, како дел од договорот потпишан денеска во обид да се спаси проблематичната компанија.

Договорот предвидува „социјално прифатливо намалување на работната сила“ на повеќе од 35.000 луѓе во фабриките на Фолксваген во Германија до 2030 година, или 29 отсто од вкупната работна сила, се наведува во соопштението.

Овие заминувања нема да бидат присилни, а особено треба да вклучуваат пензионирање кои не се заменуваат.

Со овој договор, Фолксваген се надева дека ќе оствари заштеда од околу четири милијарди евра на среден рок.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното