Ники Лауда, легендарниот автриски Ф1 возач и освојувач на три титули во Формула 1, почина во кругот на семејството на 70-годишна возраст.
Лауда беше трикратен светски првак во Формула 1 шампионатот, две титули освои со Ферари и една со Мекларен и до ден денешен е единствениот кој бил шампион и со Ферари и со Мекларен.
„Замина нашиот Ники. Почина мирно, во кругот на семејството. На сите ни беше пример, прекрасен сопруг, татко, дедо кој ќе ни недостасува“, објави неговото семејство.
Лауда почина девет месеци откако му беше извршена трансплатација на белодробно крило. Претходно имаше и две трансплатации на бубрег.
Ники Лауда имаше тежок инцидент во 1976 година по кој преживеа. На патеката Нирбургринг во Германија, неговото Ферари се запали, по што Ники имаше изгореници од трет степен.
Беше тешко повреден, но Лауда не само што се опорави, туку за 40 дена повторно седна во болид и возеше.
Негов голем ривал во трките беше Британецот Џејмс Хант, а за тој дуел имаше снимано и филм „Rush”.
The post Формула 1 остана без легенда: Почина Ники Лауда appeared first on ТВ21.