Балетанките оставени на оградата пред училиштето, се само нем сведок за прекинатиот сон на 13 годишното девојче. За неа и другите седум врсници и чуварот, илјадници изминативе денови дојдоа палејќи свеќи и оставајќи цвеќе.
„Не ја познававме лично, но ја имавме видено низ училиште. Таа е во основно, одеше во основното училиште за Балет, но секако кога ги видовме овие балетанки оставени на оградата, таа еден ден сакала да стане балерина…Не знам…“, вели Емилсија од Белград за 4NEWS.mk
И чуварот бил добриот дух во училиштето. На еден од цртежите оставени пред училиштето тој ја доби и наметката од супермен.
Убиецот Коста К. во предвечерието на убиството бил на роденден заедно со жртвите. Учениците велат дека тој бил прифатен во друштвото повеќе од било кој, додека тој во полиција го кажал спротивното.
Случајот предизвика домино ефект. Повеќе од 25 лица се повикани во полиција бидејќи убијците ги величеле како херои, други пак пробале да истиот чин да го повторат на различни начини.