Македонија

ФОТО Бебе родено во Скопје тешко само 520 грама, си замина дома по 131 ден поминат на Гинекологија

ФОТО Бебе родено во Скопје тешко само 520 грама, си замина дома по 131 ден поминат на Гинекологија

По 131 ден поминат на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, малата Дуа со солзи радосници ја испративме дома, објавија од државната Клиника.

Како што информираат, на 12 март Дуа се родила во 24-та гестациска недела, со само 520 грама и по повеќе од 4 месеци престој на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), ектремното прематурче си замина како здраво бебе со тежина од 1890 грама.

-Дуа како вистинска мала дама си замина во фустан од нашата клиника и си отиде со мама и тато во Кичево, кои се пресреќни што конечно нивното прво бебе ќе си го гушкаат во својот дом. Малата Дуа, еден од нашите најголеми борци, овие 4 месеци и 11 дена секојдневно ја добиваше медицинската нега и безграничната љубов од педијатрите, медицинските сестри и од целиот персонал на ОИНТ, кои посветено се бореа заедно со неа, соопштија од Клиниката, посакувајќи и многу здравје и среќно и безгрижно детство.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни