Македонија

ФОТО: Блесна и подводната новогодишна елка во Охридското езеро

ФОТО: Блесна и подводната новогодишна елка во Охридското езеро

Традиционално и оваа година блесна новогодишната подводна елка.

Имено, нуркаите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид во Музејот на вода и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка.

Тие им ја честитаат новата 2023 година на сите граѓани.

Инаку, како и секоја и оваа нова година нуркачите од Амфора им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.

Посетителите во музејот ќе имаат можност да ја видат елката од денес па се до крајот на јануари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни