Возило марка БМВ со скопски регистарски таблички денеска срамнило со земја билборд во Штип.
Несреќата се случила на булеварот „Партизанска“.

Полицијата беше на терен и вршеше увид.

Според информациите, нема повредени, но има материјална штета.
Очевидци велат дека причината е неприлагодена брзина.