Дојава за бомба е пристигната и на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Таму е сместена и Сител телевизија која во моментов се евакуира поради пристигнатата дојава за бомба.

Телевизијата продолжува да емитува снимена програма, не јасно е во моментов како ќе се реализираат вестите точно на пладне.
Во тек се проверки за поставени експлознивни направи низ цела Македонија.