ФОТО Фатен сом долг 3 метри и тежок 120 килограми во Шпанија

Надчовечката борба со речното чудовиште заврши успешно.

Пет Британци доживеале вистинска авантура додека биле на одмор во Шпанија, кога по 30-минутна борба успеале да уловат џиновски сом долг три метри и тежок 120 килограми.

„Речното чудовиште“ било извлечено на брегот на делтата, а фотографиите од уловот брзо станаа вирални на социјалните мрежи.