ФОТО ФК Тетекс бара фудбалер и нуди плата од 24.400 денари

На веб-страницата на Агенцијата за вработување синоќа се појави необичен оглас – ФК Тетекс од Тетово реши преку оглас за „стандардно“ вработување да бара засилување за својот тим.

Според објавеното, клубот нуди месечна плата од 24.400 денари, како и работно време од 08:00 до 16:00 часот, што е несекојдневно за позиција поврзана со спорт.

Во огласот е наведено и дека е потребно работно искуство, при што како услов стои само бројката „1“, без дополнително појаснување што точно означува – дали се работи за една година искуство или нешто друго.

На крајот од огласот стои порака со која клубот се обидува да привлече кандидати:

„Ако сте спремни да влезете во тимот – Тетекс чека нов фудбалски херој.“

Овој оглас предизвика бројни реакции поради неговата необичност и начинот на кој е формулиран, со дел од јавноста што се прашува дали станува збор за грешка или за маркетиншки потег на клубот.