ФОТО Фрлен молотов коктел врз кабаре во Центар – предизвикана материјална штета

Утрово околу 4 часот, во скопската населба Центар, бил фрлен молотов коктел врз објект кој функционира како кабаре и се наоѓа на улицата „50-та Дивизија“.

Според првичните информации кои ги објави 24инфо, од огнената направа е предизвикана материјална штета – оштетен е дел од инвентарот во објектот, но за среќа нема повредени лица.

Кабарето, според податоците, поседувало важечка лиценца за работа.

Полицијата изврши увид на местото и работи на целосно расветлување на случајот, како и на откривање на сторителот или сторителите на нападот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното