ФОТО Голем одрон на патот Скопје – Велес, се вози отежнато

Обилните врнежи од дожд кои ја зафатија државата попладнево предизвикуваат сериозни проблеми и во патниот сообраќај. Граѓани на социјалните мрежи објавија фотографии од голем одрон на карпи кој значително го отежнува движењето на патниот правец Скопје – Велес.

Одредени делови од коловозот се делумно блокирани, па се препорачува максимална внимателност при поминување на оваа делница.

Се вчитува...

Препорака: Внимавајте низ клисурите!

Поради влажните коловози и температурните промени, зголемена е опасноста од одрони. Надлежните служби препорачуваат:

  • Прилагодена брзина на движење;
  • Почитување на поставената сообраќајна сигнализација;
  • Внимателно управување со возилата.

Ова посебно се однесува за патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што можноста за појава на одрони е најголема.

Најкритични делници: Возачите треба да бидат особено внимателни на следниве патни правци:

  • Катланово – Велес;
  • Маврово – Дебар – Струга;
  • Виница – Берово;
  • Кочани – Делчево.