ФОТО Пожар над скопско Батинци, повторно чад над главниот град!

Пред малку изби голем пожар на отворен простор над скопското с. Батинци, зафати трева, грмушки и мешана шума, порафи ветрот се шири со голема брзина.

Скопската БППЗ работи на гаснење, набргу ќе пристигнат и два пинцгауери на ДЗС како и хеликоптерот на МВР а нешто подоцна ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС.

На лице место е и директорот на ЦУК Мухамед Али.

Според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.