Свет

ФОТО Хаос на пристаниште во Хрватска, голем пожар голта се пред себе

ФОТО Хаос на пристаниште во Хрватска, голем пожар голта се пред себе

Најмалку 22 пловни објекти изгореа во голем пожар што синоќа избувна во пристаништето во Медулин, извести утринава истарската полиција, а пренесува Index.hr. На социјалните мрежи се појавија фотографии од местото на настанот на кои се гледа чад.

Според достапните информации, полицијата добила дојава за инцидентот во марината Медулин во 3 часот и 55 минути, а досега изгореле петнаесетина чамци, неколку потонале, а пожарот се уште не е изгаснат, јавува Хина, но како што пишува Index.hr пожарот е ставен под контрола.

Пожарот се шири од еден на друг брод, а на терен се петнаесет пожарникари со четири возила од пожарната служба во Пула.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни