ФОТО Хаос во Москва: Експлодираше банкомат во трговски центар, скршени стакла, луѓето евакуирани!

Експлозија се случи денеска во филијала на банка во трговскиот центар Свиблово во Москва, соопштија официјални лица.

-Имаше експлозија во делот за банкомат на експозитурата на банката на првиот кат во трговскиот центар Свиблово. Стаклото било скршено, но немало пожар – велат тие.

Се наведува дека експлозијата се случила во банкомат, а камерите за надзор снимиле човек кој се приближил до уредот непосредно пред инцидентот.

Според портпаролот на полицијата Владимир Васенјин, на лице место работи истражна група.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното